Танцувајте со Кремастата Bananicа и освојте награди кои ќе направат #ДаСеИстопитеОдСреќа!
Правила на конкурсот „Да се истопиш од среќа”
Oбјавете видео или колаж на својот Инстаграм профил каде што ни покажувате како танцувате на песната од новиот TVC за Кремастата Bananicа, бидејќи дури девет од најкреативните кореографии ќе освојат вредни награди!За повеќе информации, Погледнете го Правилникот за наградниот конкурс.
Правила на конкурсот “Да се истопиш од среќа”
-
Oрганизатор и цел за спроведување на конкурсот
Трговското друштво “Atlantic Štark” дoo Белград, Булевар Пека Дапчевиќа 29, мб 07026447, во натамошниот текст: Организатор, организира награден конкурс на социјалната мрежа Инстаграм под името “Да се истопиш од среќа”.
Конкурсот се организира и спроведува поради:- o промоција на Организаторот и неговите дејности, производи и понуди преку мноштво промотивни и маркетинг содржини и активности;
- o подобрување и пласман на производите на Организаторот во продажните објекти.
-
Предмет, времетраење, место и механизам за спроведување на конкурсот
Предмет на конкурсот е активација во која учествуваат корисниците на социјалната мрежа Инстаграм. Право на учество имаат сите полнолетни лица со место на живеење во Република Северна Македонија.
Учесниците треба да постават видео или фото-колаж на својот Инстаграм профил со #ДаСеИстопишОдСреќа (#DaSeIstopišOdSreće). Кога објавуваат од својот Инстаграм профил, учесниците треба да го означат официјалниот Инстаграм профил на Bananica (https://www.instagram.com/stark_bananica/ ). Потребно е учесниците да осмислат своја креативна кореографија на која ќе танцуваат со песната од TVC за Кремастата Bananicа, да објават видео како танцуваат со таа кореографија или фото-колаж каде се гледаат на фотографиите движењата од танцот.
Неопходно е учесниците да го следат Инстаграм профилот Bananica.
По завршување на конкурсот стручното жири на организаторот избира вкупно 9 (девет) добитници на награди и тoа 3 (три) добитници на главна – прва награда, 3 (три) добитници на тнр. втора награда и 3 (три) добитници на тнр. трета награда врз основа на критериумите креативност и оригиналност на објавените колажи.
Конкурсот се организира за учесниците кои за времетраењето на конкурсот ќе објават видео запис или фото-колаж на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм, со горе наведените услови.
Времетраењето на конкурсот е од 16.05. дo 09.06. дo 23:59 ч., додека победникот се прогласува на 12.06. Добитниците ќе бидат објавени на Инстаграм страницата на Bananicа на ден 12.06. година.
Стручното жири избира вкупно 9 (девет) добитници на награди на конкурсот според критериумот: најкреативно видео кое ги исполнува условите наведени во конкурсот.
Со директно учество во активацијата корисникот ги прифаќа сите права и обврски од овие Правила.
-
Детален механизам на конкурсот и награди
Учесникот се запознава со Конкурсот на официјалниот канал на Организаторот на Конкурсот: на сајтот https://bananica.rs/ .
Со објавување на авторското видео или фото-колаж на социјалната мрежа Инстаграм, каде се гледа како Учесникот танцува на својата оригинална кореографија со песна од TVC за Кремастата Bananicа, ќе се смета дека Учесникот се пријавил за учество во Конкурсот и дека ги прифаќа правилата на Конкурсот.
Учесникот со видеото мора задолжително да стави #ДаСеИстопишОдСреќа (#DaSeIstopišOdSreće) и да го означи профилот https://www.instagram.com/stark_bananica/ за да може Организаторот да ја следи пријавата на учество на конкурсот преку Инстаграм.
За да може Учесникот да учествува на Конкурсот, неопходно е:
1. Да има јавен Инстаграм профил и да ја следи Bananica Инстаграм страницата.
2. Да креира авторско видео или фото-колаж на тема “Да се истопиш од среќа со Кремастата Bananicа” во кое танцува на својата оригинална кореографија со песна од TVC за Кремастата Bananicа.
3. Во видеото да се користи и јасно да се слуша звучниот sound од TVC за Кремастата Bananicа (https://www.youtube.com/watch?v=e_yvD9D-kAk).
4. Да сподели видео или фото-колаж на својот Инстаграм профил со обележување (таг) на профилот #ДаСеИстопишОдСреќа (#DaSeIstopišOdSreće)
-
Избор на победниците и награди
По завршување на Конкурсот, Организаторот од сите Учесници избира 9 (девет) добитници на награди, и тоа:
- за 1, 2 и 3 место, главна награда се bluetooth слушалки,
- за 4, 5 и 6 место тнр. втора награда е bluetooth звучник,
- зa 7, 8 и 9 место тнр. третa награда е полнач за телефон.
Критериум за доделување на награди на Учесниците на Конкурсот e креативност и оригиналност на објавеното Инстаграм видео или фото-колаж, како и фактот дали видеото те. фото-колажот одговорил на зададената тема и на сите услови од Конкурсот дефинирани со овој Правилник.
Oрганизаторот ќе ги контактира добитниците преку нивните Инстаграм профили поради собирање на податоци за адреса на добитниците, на која ќе се достават наградите. Рокот за испорака на наградите е 60 работни дена од денот на прогласување на победникот.
Oсвоените награди не може да се заменат за други награди или за готови пари. Начинот на доставување односно преземање на наградите ќе биде договорен директно со добитникот.
-
Услови и ограничувања
Услов за учество на конкурсот е корисникот да го следи Инстаграм профилот https://www.instagram.com/stark_bananica/. Право на учество имаат сите полнолетни лица со место на живеење на територија на Република Северна Македонија, како и малолетни лица за чија пријава е неопходна согласност од родител, старател, односно друг законски застапник на малолетникот.
Право на учество во конкурсот немаат лицата вработени кај Организаторот, ниту пак лицата кои на кој било начин се вклучени во организацијата на Конкурсот.
Oрганизаторот го задржува правото да не ги земе предвид објавите кои не ги задоволуваат условите на Конкурсот наведени во овие правила, како ни објавите кои комуницираат неадекватна содржина, ширење на омраза и дискриминација по кој било основ.
Oрганизаторот не сноси одговорност доколку дојде до прекин на конкурсот поради влијание на виша сила која не можел да ја спречи.
Oрганизаторот не презема одговорност за која било штета создадена поради злоупотреба на овој конкурс, а која на тој начин од страна на учесникот или трети лица им се нанесе на другите учесници на конкурсот, или на трети лица.
Oвие правила на Конкурсот oбјавени се на интернет страницата https://bananica.rs/.
-
Испорака на наградите
Oрганизаторот на победниците ќе им ги достави наградите, најдоцна во текот на 60 работни дена откако стапил во контакт со победниците кои ги исполнуваат сите услови на Конкурсот.
Победниците се должни во рок од 7 дена да ги достават податоците за испраќање на пакетот. Ако во наведениот рок не достават податоци, ќе се смета дека се откажале од наградата и нема да се бара заменски добитник.
Организаторот не сноси одговорност доколку не може да стапи во контакт со добитниците во рокот одреден со овие правила.
-
Дисквалификација од конкурсот
Организаторот го задржува правото без какво било претходно известување, да го исклучи Учесникот од понатамошно учество на Конкурсот и/или да не му додели награда, доколку во меѓувреме ја освои, односно бара поврат на наградата, доколку утврди дека:
- учесникот не ги исполнува условите и критериумите за учество;
- доколку учесникот не ги почитува односно прекрши која било одредба од овие правила;
- доколку Организаторот oцени дека учеството на некој од учесниците не е возможно или пожелно;
- доколку учесниците објават содржина која не е во согласност со имиџот на брендот и компанијата;
- како и во други случаи пропишани со овие правилa.
Учесниците кои дале неточни, нецелосни или туѓи податоци, односно ги повредиле правата на трети лица, сопственици на овие податоци, исклучиво одговараат за таквата злоупотреба на податоците, односно повреда на правата, додека Организаторот нема да биде одговорен за таквиот случај на ниту еден начин и под кои било околности.
-
Заштита на личните податоци и право на Организаторот на објавување на податоците за добитниците
Со учествувањето на Конкурсот, Учесниците во целост ги прифаќаат овие Правила, се согласуваат Организаторот да ги собира и обработува личните податоци наведени во овие Правила, и потврдуваат дека се запознаени со целта за користење на нивните лични податоци и постапување со истите.
Учесникот кој со учеството во оваа програма дал полноважна согласност за обработка на податоците може да ја отповика таа согласност во секој момент, писмено или усно на записник кај Организаторот.
Со учеството во овој Конкурс Учесниците се согласуваат и даваат дозвола, доколку станат добитници на награда, Организаторот да може без надомест да ги користи и јавно да ги објави во печатен, звучен, видео материјал неговите лични податоци име, презиме, прашање и други податоци кои учесникот/добитникот ќе ги стави на располагање, со цел јавна објава на резултатите од Конкурсот, како при објава на добитниците и доделување на награди, така и во објава на репортажи, статии, дигитални објави или слични материјали во врска со Конкурсот. На повик на Организаторот, добитникот на наградата ќе даде своја согласност во писмена форма.
Организаторот со сите лични податоци кои ќе ги собере и обработи за време на овој Конкурс ќе постапува со посебно внимание, согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и другите релевантни прописи.
Организаторот, како раководител со збирката лични податоци на учесниците на Конкурсот, собира, води, одржува и обработува збирка собрани лични податоци исклучиво поради спроведување на Конкурсот и промотивните цели на Организаторот, согласно овие Правила.
Учесниците се информирани дека за целите на конкурсот се прави пренос на личните податоци во Република Србија и се запознаени со политиката на приватност на Организаторот (линк од политиката).
При пријава или дополнително за времетраење на Конкурсот, на посебно барање на Организаторот, учесникот со активна потврда на активностите, ако сака ќе даде своја согласност за користење на задолжителни податоци и за други цели (на пр. зa aвтоматизирана обработка на лични податоци и персонализиран пристап на учесникот, користење од страна на поврзани друштва на Организаторот итн.), и доколку сака, ќе даде и други, дополнителни лични податоци за користење и обработка во точно наведени други цели.
На тој начин дадената согласност учесникот во секој момент може да ја повлече со испраќање на барање на е-пошта адреса или на адреса на седиштето на Организаторот според контактите на веб страницата на Организаторот. Организаторот користи и обработува лични податоци исклучиво доставени од страна на учесниците, и исклучиво учесникот е одговорен за точноста и исправноста на дадените податоци и должен е и одговорен навремено да го извести Организаторот за нивната промена.
Учесниците имаат право во секој момент да побараат информации за своите лични податоци кои ги обработува Организаторот или да побараат исправка на истите, може да бараат престанок на користење на истите или бришење на своите лични податоци во сите или само за некои цели (освен ако се работи за обработка на податоците во статистички цели кога личните податоци повеќе не овозможуваат идентификација), oдносно и пренос на податоците под законски услови или извршна одјава на примања на информативни и промотивни материјали на Организаторот.
Учесникот исто така може да поднесе и приговор на користењето на своите лични податоци во ситуации кои кај Организаторот се темелат на постоење на својот легитимен интерес, а секако кога Организаторот ги користи за потребите на директен маркетинг.
За остварување на сите свои права и обврски во поглед на користењето на личните податоци, учесникот може да се обрати на е-пошта адреса или адреса на седиштето на Организаторот или според упатствата на доставените промотивни материјали.
Сите лични податоци ќе бидат заштитени со примена на примерни организациски и технички мерки, и со истите ќе се постапува законски и чесно согласно важечките прописи од областа на заштита на личните податоци.
Сите останати детали во врска со постапувањето и заштита на личните податоци и остварувањето на своите права учесникот може да ги прочита во Правилата за заштита на приватноста и Политиката за колачиња, кои се достапни на интернет страницата на Организаторот.
-
Согласност и пренос на права за користење на фотографии
Учесникот на Конкурсот дава експлицитна согласност за користење на своето лично добро на поставената фотографија или видео снимка, како и евентуална идна огласна порака. Учесникот на Конкурсот, во случај на запис на лик на трето лице, доколку може да се препознае идентитетот на тоа лице, гарантира дека поседува експлицитна согласност од тоа лице за користење на неговото лично добро (лик) на поставената фотографија или видео снимка, како и евентуална идна огласна порака. Во тој случај на Организаторот му се отстапува правото на лично добро, без посебна надомест, и Организаторот не сноси одговорност за евентуална надомест на штета по основа на користење на лично добро и/или задржува регресно право кон учесникот на Конкурсот во случај на повреда на чие било право или лично добро.
Учесникот мора да биде единствен и експлицитен носител на авторските права на поставената фотографија и/или објавената видео снимка, односно текст.
Со учество на Конкурсот, учесникот на Конкурсот експлицитно изјавува дека исклучиво на Организаторот му ги пренесува предметно, просторно и временски неограничено сите авторски имотни права на фотографиите или видео снимката (авторско дело) без обврска за наведување на име на авторот.
Учесникот гарантира дека со поставената фотографија/ видео снимка во целост не повредува авторски и други права на трето лице. Ако дојде до повреда на право на интелектуална сопственост или на некое сродно право, експлицитна одговорност за повредата сноси Учесникот кој ја поставил фотографијата односно видео снимката.
Организаторот може неограничено да ги пренесе стекнатите авторски права на трети лица, со што победникот експлицитно се согласува.
Победникот експлицитно изјавува дека е единствен сопственик на сите авторски права на фотографијата/ видео снимката и гарантира дека авторското дело кое е предмет на овој договор не содржи права на трети лица, авторски права или какви било други наслови.
Учесниците на конкурсот се согласни дека за нив или за нивните објавени фотографии и снимки може да се направи видео, аудио, фотографски и/или филмски запис, и дека таквото видео, аудио, фотографски, филмски односно друг запис Организаторот и/или агенцијата можат во целост или во делови да ги користат, јавно да ги емитуваат, јавно да ги прикажуваат, без оглед на видот на медиуми и бројот на емитувања и без какво било временско, територијално или друго ограничување, како и дека таквиот запис можат да го преработуваат, модифицираат, вклопуваат или на друг начин да го менуваат; односно на друг начин да ги користи за потребите препорака на производи и услуги на Организаторот односно за негово огласување, без какви било посебни дополнителни согласности од авторот, дополнителни давања, плаќања и/или противуслуги, со обврска за почитување на моралните права на авторите и важечките законски прописи.
На повик на Организаторот, учесниците ќе дадат своја согласност и во писмена форма.
-
Жалби и рекламации
Сите жалби и рекламации ги решава Организаторот. Во случај на основани жалби Организаторот се обврзува во колку што е возможно пократок временски период да ги реши и за тоа да ги извести учесниците на Конкурсот.
-
Даноци
Учесникот на Конкурсот, добитникот на награда, не сноси никакви даноци, обврски или надомести директно поврзани со наградата. Сите евентуални даноци во име и за сметка на добитникот на наградата ги сноси Организаторот.
-
Oдговорности
Организаторот не презема одговорност за:
- проблеми кои можат да настанат при пријава за учество на конкурсот или други проблеми кои произлегуваат од технички или слични причини кои можат да произлезат за време или во врска со конкурсот кои не се под директна контрола на организаторот;
- (нe) вистинитост на податоците кои ги оставаат учесниците;
- какви било последици создадени поради погрешна употреба или злоупотреба на условите од конкурсот од страна на учесниците во конкурсот или трети лица;
- несакани последици кои учесниците ги претрпеле поради учество на конкурсот.
-
Oстанати одредби
Организаторот на Конкурсот го задржува правото на дополнувања и измени на овие услови и се обврзува дека секоја нивна измена или дополнување ќе ги објави на интернет страницата https://bananica.rs/.
Oдлуката на Организаторот за сите прашања во врска со Конкурсот и правилата, поврзани со него, е конечна и важи за сите учесници.
Во случај на каков било спор или нејасност, овие правила се сметаат за примарни во однос на сите евентуални други известувања, во печатена, електронска или која било друга форма. Автентично толкување на овие правила дава исклучиво Организаторот.
Организаторот го задржува правото на промена на овие Правила, на прекин на Конкурсот или на целосно стопирање на Конкурсот, ако тоа го налагаат правни, технички или комерцијални причини. За сите евентуални промени Организаторот ќе ги извести учесниците со известување на својата интернет страница https://bananica.rs/.
Во Белград 15.05.2023 година
зa Atlantic Štark д.o.o. Белград
Maтe Штетиќ, директор